Засилени полициски контроли за Илинденските празници

Во пресрет на Илинденските празници засилени полициски контроли во охридско – струшкиот регион. Во шпицот на сезона голем број полициски службеници, од овој регион но и од други градови, ќе се грижат за безбедноста на брегот на Охридското езеро.

Огромен број туристи деновиве престојуваат во туристичките центри, токму затоа акцентот ќе биде ставен на одржувањето на јавниот ред и мир и спречување на нарушувања.

Полициските службеници ќе бидат фокусирани на неколку сегменти од полициското работење со цел безбедносната состојба и понатаму да биде стабилна и поволна. Имeно фокусот ќе биде ставен на одржување на јавниот ред и мир, елиминирање на сите можности за нарушување, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Во услови на значителен пораст на бројот на возила и метеж во сообраќајот, ќе има и повеќе контролни пунктови. Од полицијата апелираат возачите да бидат внимателни особено при доаѓањето кон Охрид и Струга, на патниот правец од Кичево кој се уште е во изградба.

Во таа насока напоменувам дека не само кон туристичките локалитети,туку и во цетралното градско подрачје и на периферијата ќе бидат поставени засилени сообраќајни безбедносни пунктови со цел сообраќајна стабилност и редот во сообраќајот да биде на едно исклучително ниво, додва Димоски.

Илинденските празници по традиција го одбележуваат шпицот на летната сезона, кога двата туристички центри на брегот на Охридското езеро имаат рекордна посетенст. Токму во овие денови се случуваат најголемиот број нарушувања.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани