Полицијата ќе казнува пукање на семејни веселби

Пукање со пиштоли и пушки е честа појава на свадбените веселби во струшко. Во екот на летото голем број иселеници од дијаспората се враќаат во родниот крај и масовно организираат семејни веселби, свадби крштевки, сунети, родендени. Најкритично е во струшките села, каде забележително е неовластено користење оружје, пукотници и огномети, со што се нарушува јавниот ред и мир и се загрозува безбедноста на граѓаните.

Од струшката полиција апелираат славениците да се воздржат од вакви активности најавуваат интензивни контроли на терен за превенција и санкции.

Апелираме до сите граѓани кои имаат ваква намера да се откажат да не  предизвикуваат опасност по учесниците на семејните веселби. Семејните веселби да ги прослават без оружје а секоја останата пиротехника која сакаат да ја употребат да ја пријават во СВР Охрид, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

И пиротехниката и огнометите задолжително треба да се пријават во полиција. За сите кои не го почитуваат законот ќе следат казни.

Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид

Појавата на неовластено пукање со огнено оружје се третира и преку кривичниот законик според којшто оние лица коишто вршат вакви нелегални активности предизвикуваат општа опасност и согласно кривичниот законик казнената одредба изнесува од 1 до 5 години затвор, додава Димоски.

Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци, а паричната глоба се движи од 200 до 500 евра. Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело за кое е предвидена и казна затвор од една до пет години. Низ годините наназад имало повеќе случаи на повредени славеници од оружје во струшко.

Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани