Туристичките водичи задоволни од летната сезона

Туристичките водичи задоволни од летната сезона. Иако, според досегашниот тек оваа туристичка сезона не може да се оцени како најуспешните години пред пандемијата, сепак ќе значи закрепнување на полето на туризмот.
Се вратија организираните странски групи од Холандија, Англија, Полска, Турција, Литванија, Чешка и Израел, кои ова лето ги запознаваат куртурно историските убавини на Охрид.

Во Охрид најпосетувано е старото градско јадро, особено е популарна црквата Свети Јован Канео, не попусто е и најфотографираната црква во земјава. Исто така Охридското езеро луѓето се воодушевуваат од него и Свети Наум комплексот , поради несекојдневната убавина. Како се испреплетени архитектурата природата и се заедно, вели Весна Коцеска туристички водич од Охрид.


И годинава најпосетуваниот туристички локалитет е Музејот на вода во Градиште. Потоа Самоиловата тврдина, катедралната Света Софија и Светиклиментовиот храм на Плаошник.

„Турција доаѓаме, за прв пат сме овде. Охрид е многу убав , убаво си поминуваме, вели туристика од Турција.
-Од Турција сме овде, многу ни се допаѓа Алипашината џамија, многу е убаво овде, вели гостинка од Турција.
-„По втор пат сум тука, минатата година дојдовме н одмор, многу е убаво. Го сакам Охрид и ја сакам Македонија“, гостин од Германија.
-„Убаво е овде, времето е убаво, луѓето се гостопримливи. Ќе останеме седум дена“, вели туристи од Холандја.
-„Се ми се допадна овде, бевме Свети Наум, преубаво е езерото. Луѓето се пријатни“, вели гостинка од Холандија.


Деновиве Охрид го живее шпицот на летната сезона. Хотелските капацитети и приватното сместување бележат солидна исполнетост.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани