Илинден се одбележа во струшко Ташмаруништа

Со низа свечености,  положување на  свежо цвеќе,  биење на црковните камбани  и интонација на македонската химна, денес  во струшко Ташмаруништа, се одбележа Денот на Илинденското востание.

На свеченоста,   присуствуваше лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, кој во своето обраќање, упати  низа критики кон власта, нарекувајќи ја  најразорната атомска катастрофа, која децениски ја уназади  земјава.

Според Мицковски излезот од кризата е во избори, тој  повика на референдум.

-Референдумот е огледалото на нивната немоќ, на нивниот морален хазард, и за тоа како бегајќи од референдум сакаат преку трупа, жедни преку езеро, на мала врата да го пренесат народот без да имаат обзири за тоа каква катастрофа прифаќаат. Јавно повикувам да поддржиме референдум, сите заедно да повикаме и на народот да му дадеме шанса да донесе одлука, рече Мицковски.

Илинден не учи дека нема откажување, да ја вратиме енергијата,да го вратиме изгубеното и да создаваме иднина, како што и илинденците не се откажаа, рече Мицковски.

-Не смее да постои разочарување, ниту пак губење на надежта. Поединците за кои на почетокот зборев, не ја губеле вербата и во најтешките времиња воделе храбро. Таквите тивки херои постојат и денес и тие се нашата надеж. И таквите луѓе се секој еден од вас кој со искрено срце ја сака Македонија и посакува државата да престане да губи, додаде Мицковски.

Во струшко Ташмаруништа 75 години се одбележува Денот на Илинденското востание, за  јавноста да се потсети на трагичните настани од 1903 година кога од турската војска биле убиени сите востаници, а селото било опожарено и опустошено.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани