Започнува програмата за подготовка на деца за во училиште

Денес, во просториите на Црвен крст Охрид започнува вториот циклус од програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“, Програма за подготовка на деца за во училиште, преку која деца од 5 и 6 годишна возраст преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училиштните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго. Вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно.

Планирани се и најразлични теренски работилници на кои дечињата ќе го запознаат со многу корисни спортски содржини, со училишното опкружување и снаоѓање во сообраќајот и др.
Вториот циклус од програмата ќе трае до 16 август.
За повеќе информации и пријавување Ве очекуваме во просториите на Црвен крст Охрид или на тел. 078 227-433, 070 315-309 или на е-маил ohrid@redcross.org.mk

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани