
Во чест на Вевчанскиот непокор под мотото „ Трчаме непокорни и горди “ – во сабота во Вевчани ќе се одржи Крос на поранешни и сегашни ученици на ООУ „ Страшо Пинџур“ – Вевчани.
-Трасата е од трансформатор до центарот на Вевчани. Во трката ќе се вклучат поранешни и сегашни ученици во ОУ „Страшо Пинџур“ Вевчани. Овој настан е дел од програмат на манифестацијата „Вевчанско лето“, информира градоначалникот Спасе Кочоски.
Организатор на настанот е Вевчани Турист инфо, а поктровител општина Вевчани.