
Во чест на Вевчанскиот непокор под мотото „ Терчаме непокорни и горди “ – вчера во Вевчани се одржа Крос на поранешни и сегашни ученици на ООУ „ Страшо Пинџур“ – Вевчани.

Вевчанската младина трчаше во чест на непокорот под мотото ,Никваш да не се повторит, ама и да не се заборајт!”.

35 години од Вевчанскиот случај. 35 години од протестите и судирите со тогашната комунистичка власт и полицијата.
На учесниците грдоначалникот Спасе Кочоски им додели благодарници и медали.
