
– И понатаму продолжува периодот на многу топло време, со температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од североисточен правец. Исто така од денес, па во следните денови ќе има услови за изолирана појава на попладневна нетабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.