Промовирана најновата книга на Сашо Бетоски

Во духовниот храм – црквата „Свети Никола“во Вевчани се одржа промоција на најновата книга песни „Цвеќе за цветот“ од истакнатиот македонски афористичар и поет Сашо Бетоски.

Тоа е една од програмските активности на манифестацијата Вевчанско културно лето 2022,што по десетти пат се одржува во најмалата општина во Република Македонија-Вевчани.Мотото на овогодишната јубулејна манифестација е „Славиме 680 години од првото споменување на Вевчани во пишуван историски документ“,а тоа покажува дека населбата е меѓу десетината градови кои слават вакваи заокружуени многувековни годишнини…

    Поетот Сашо Бетоски на пошироката македонска јавност и е познат по илјадата објавени афоризми од кои поголемиот број се преведени на повеќе светски јазици,а како резултат на таквата активност е неговата прва книга „Калкан“, во кое можат да се препознаат луѓето колку секој од нас е – валкан.Следната негова оргинална книга е ,,Македонски политички новоговор“, единствено издание од таков вид во нашата издавачка дејност,додека најновата книга со песни е посветена на неговата ранопочината мајка со наслов „Цвеќе за цветот“.

    Промоцијата на поетската книга на Бетоски започна со рецитирање на неколку негови песни посветени на мајкаму,во интерпретација на Исидора Бетоска,а потоа свое обраќање пред многубројната присутна публика имаше Христо Петрески,претседател на Друштвото на писатели на Македонија.Тој меѓу другото ги истакна вредностите на песните,потенцирајќи дека тие претставуваат вистинско откривање на поетскиот нерв на авторот Бетоски и значаен исчекор во афирмацијата на неговото творештво воопшто.

Притоа,Петрески истакна:„Иако мала според обемот,само со 14 песни,Ова остварување на Сашо Бетоски е богато и содржајно.Во него се подредени 14 лирски напеви,кои се максимално искрени и доживеани.Натопени со страдања,болка и плач, овие песни се доказ и сведоштво за еден изминат пат,заеднички живот,предвремена смрт,ненадоместлива загуба и вечен непребол.Сашо Бетоски како син на Цветанка сега по нејзината ненадејна смрт испишува балади и потресни монолози со многу прашања,одговори,заклучоци,дилеми и поуки. 

    Една е Мајката која целиот свој живот работи и се труди за својот пород и своите чеда и тоа е се чини целата смисла на опстојувањето и животот.Во најголем број случаи – каква е Мајката,такви се децата.А,Сашо Бетоски со оваа стихозбирка гради споменик,создава тестамент и се оддолжува барем малку за постигнатото,направеното,оствареното,оставеното,незавршеното, не(до)сонуваното,не(до)реченото.Авторот Сашо Бетоски за својата покојна Мајка Цветанка ќе рече:името ти е цветно,односно цветно ти е името.Во звршните зборови Петрески истакна дека Сашо својата Мајка ја опишува како кротка,мила,скромна и со милозлив глас.Во тој контекс се и стиховите:сета твоја добрина / им ја раздадов на моите деца.“   

    Зборувајќи за книгата „Цвеќе за цветот“ вториот промотор новинарот и писател МИШО КИТАНОСКИ нагласи дека збор станува за збирка песни кој со својата целина претставува збир на метафори посветени на болката и тагата не само кај авторот  туку и кај секој човек кога  губи некој најблизок од својата фамилија.Само поетот Бетоски знае кога и колку го боли загубата по мајка си,а тоа ќе рече дека книгата е исполнета со стихови кои со својот лирски тембр и далечните одгласи и сеќавања се повод за силна и незаборавна возбуда од поетскиот глас на Бетоски и неговото творештво,нагласи во својата промотивна реч Мишо Китаноски.

    Пред стотините присутни на промоцијата на својата книга „Цвеќе за цветот“ се обрати и авторот Сашо Бетоски,којшто забележа дека неговата лирика е проткаена со нежни и сакани звуци,кои убеден е тој,ќе најдат порив за читање и препрочитување кај читателите …

Текст и фото:СТОЈАН КУКУН ЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани