Приведени албански државјани, шверцувале пастрмка

Приведени двајца албански државјани поради шверц на 50 кг охридска пастрмка  
   

Денеска (19.08.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал-Струга, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, кај крстосницата на влез во село Радолишта, струшко, лишени од слобода се  С.М.(39) и А.С.(43) двајцата од Р.Албанија.
    При извршена контрола во патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 50 кг риба, поточно 81 едно парче охридска пастрмка и 20 рибарски мрежи во единечна должина од по 100м, кои биле предмет на недозволена трговија од Р.Албанија кон Р.Северна Македонија.
    С.М. и А.С. биле приведени во Полициската станица за Граничен надзор Франгово и по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани