Скопјанец и пештанец истепале охриѓанец

Две лица, еден од Скопје, другиот од Пештани истепале охриѓанец.

На 20.08.2022 год во 14,30 часот, во угостителски објект лоциран во автокампот „Градиште“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.М.,од Скопје и Ј.М.од селото Пештани, врз Г.М.(38) од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани