Кај Канео во Охридското езеро пронајдено безживотно тело

Од водите на Охридското Езеро вчера доцна попладне, извадено е безживотно тело на возрасна жена.

Информацијата за МИА ја потврди полицијата. Случајот во СВР Охрид го пријавиле граѓани.

Безживотното тело било забележано околу 16 часот во близина на Канео и во полиција било пријавено од случаен минувач.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот и идентификација на лицето.

МИА

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани