Украинската криза и пандемијата клучни предизвици на Европа и Западен Балкан

Украинската криза, безбедносните ризици, снабдувањето со енергија и пандемијата се клучните предизвици со кои се соочува Европа и Западен Балкан. Ова е заклучокот на регионалната конференција на тема „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“, што се одржува во Охрид.
Стабилен и просперитетен Балкан и негова интерграција во Европската унија е придобивка за сите, истакна амбасадорката на САД во Македонија Кејт Бурнс.


-Важноста на вашиот придонес во Европа сите зборуваат колку е важно да се инвестира во овој регион всушност со самата безбедност и стабилност се придонес за Европа.Европа ќе има корист од еден ваков регион кој што е стабилен и просперитетен, истакна Кејт Бурнс амбасадор на САД во Македонија.

-Последиците од почетокот на војната се чувствуваат и во Северна Македонија во рамките на надворешната политика. Го поздравувам гласањето на С Македонија во ОН приклучувањето кон сојузниците во одлуките кон осудување на војната како партнери може да се потпреме на Македонија0335Принципот на единство и блокирањето на Русија се големи предизвици со кои што мораме да се соочиме во иднина“, истакна Анке Холштајн амбасадор на Германија во Македонија.

Предизвици има и на внатрешен план, а тоа е коруппцијата и неуспехот на локалните политичари на патот кон евроинтеграциите, смета научната фела.

-Предизвиците даѓаат и од внатрешните проблеми, неуспехот да се најдат решенија за проблемите кои го тиштат регионот од распаѓањето на Југославија до денес. Посебно проблемите околу демократизацијата високото ниво на корупција, огромните скандали кои се редат едни по други и во 30 години кои не успеаја локалните политички лидери да најдат начин како да го приклучат регионот во Евроатланските интеграции“, вели професорот Методи Хаџи-Јанев.

-Влијанието на источните сили, тоа се најмногу влијанието од Русија, Кина и Турција кои прават дис-баланс помеѓу демократските и антидемократските вреднсоти. И во тој контекст тоа е еден голем предизвик, вели Моника Беговиќ Претседател на Атланскиот Совет на Хрватска.


Конференцијата е во организација на Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии, НАТО Колеџот во Рим и невладината Маршал Центар. Професори, експерти и дипломати од областа безбедноста од балканските држави и ЕУ следните три денови ќе дебатираат и за превенција од глобалната закана за тероризам , радикализацијата и мигрантското прашање.
Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани