
Синоќа започна првиот Меморијален боксерски турнир „Алексо Огненовски“. Турнирот се одржува улица „Кеј Македонија“ каде беше поставен специјален ринг.

За мене лично претставува големо задоволство отворањето на турнирот кој е посветен на големиот спортски учител и педагог, родоначалник на боксот во Охрид, незаборавниот Алексо Огненовски. Племенитата вештина во Охрид, ја донесе човекот кој беше племенита и благородна душа. Верувам дека нема охриѓанец, кој што барем малку се бавел со било кој спорт, а да не го знае името на „Алексо боксерот“, како што беше познат меѓу охирѓани, легендарниот спортски работник Алексо Огненовски.

Упатувам искрени честитки до Боксерскиот клуб кој го носи неговото име и за вложениот напор за организација на ваков меѓународен натпревар, кој верувам дека од година во година ќе расте и ќе преставува уште една значајна манифестација во севкупната понуда на Охрид, напиша градоначалникот Пецаков.
Покровител на турнирот е Општина Охрид.