Енергетската криза го парализира работењето на јавните претпријатија

Енергетската криза се посилно „чука“ на врата. Јавните претпријатија во Охрид се пред финансиски колас. Сметките за електрична енергија енормно пораснале, повисоки се за пет до шест пати во однос на лани.
Од локалната самоурава велат владиниот план за штедење ќе се спроведува, но тешката финансиска состојба ќе биде сериозен проблем и го доведува во прашање нормалното работење.

Локалната самоуправа, посебно во јавните претпријатија, состојбата е повеќе од хаотична. Едно претпријатие како Водовод воопшто нема светла иднина. Последната сметка за струја во Водовод е 14 милиони денари, а приходот е околу 10,5 милиони денари. Плата за вработените е од 8,5 до 9 милиони денари со покачување на минималата плата. Ниту плата може да се подели, ниту може да се плати струја, ова е тотален хаос, изјави Пецаков.


Се бара решение ЈП кои се занимаваат со снабдување со вода за пиење да бидат на регулиран пазар за да може да ги издржат притисоците. Во спротивно се доведува во прашање испораката на услугите кон граѓаните.


Владата не е подготвена, нема начин како буџетски да ги обезбеди тие средства со регулиран пазар и ќе продолжат проблемите. Најмал проблем се мерките за штедење за кои не само државата туку секое семејство ќе мора да се погрижиме за во зима, но имаме многу сериозен проблем со претпријатијата кои треба да се сервис на граѓаните, вели Пецаков.


Градоначалникот на Охрид најави свикување собир на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) за да се надминат овие состојби, во спротивно се заканува целосен финансиски колапс на општините.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани