
24 годишен скопјанец се самозадоволувал на улица во Охрид, пред малолетно девојче.
На 01.09.2022 во 02.20 часот на ул.„7-ми Ноември“ во Охрид, полициски службеници од СВР-Охрид го лишиле од слобода М.С.(24) од Скопје. Тој се сомничи дека на 31.08.2021 околу 21.45 часот на ул.„Даме Груев“ во Охрид се соблекувал и самозадоволувал пред малолетничка од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Фото: Илустрација