Охрид започна да штеди струја, институциите во мрак, граѓаните стравуваат

Охрид започна да штеди електрична енергија. Градоначалникот, најави дека општината ќе го спрoведува она што го препорачува владата во однос на мерките со цел да се преброди зимскиот период, ќе се штеди и во јавните претпријатија и институциите.
Во ноќните часови, може да се забележи дека општинската зграда е во мрак, осветлена е само со една сијалица, иста е сликата и во јавните претпријатија ,додека пак центарот на градот и спомениците се осветлени, бидејќи се уште има гости и трае сезоната.


И граѓаните добија препораки како да заштедат, но тие велат поради немаштијата и пред препораките штедаа колку што можат. Претежно на евтина струја ги извршуват повеќето од домашните обврски. Вклучување на болјер ,машина за перење,правосмукалки за време на евтина тарифа, Охриѓани стравуваат поради сиромаштијата и енормното поскапување не само на струјата туку и на храната, посебно пензионерите едвај врзуваат крај со крај.



-Како шо ќе речи државата така ќе штедиме нема друго. И да сакаме поинаку не можи. Ако сум сам на вечер не ми треба ни сијалица, вели еден охриѓанец.
-Јас имам 40 години работен стаж, земам 12 500 денари пензија кажете ми ние како да штедиме дали да штедиме струја, дали да штедиме дрва? Самите ние не знаеме што да правиме, вели друг охриѓанец.
-Ние секако внимаваме со мала пензија како што е се поскапено мора да се внимава, вели трет охриѓанец.
-Мораме да ги менуваме навиките, мораме да штедиме. Не можеме болјерот да го пуштиме и тој нон-стоп да работи. Рерната не ја пуштаме стално, мораме малку и на дрва, вели пензионер од Охрид.
-Со 10 000 денари пензија, струја да платам на ова време е невозможно, вели охриѓанец.
И претходно штедевме, но сега непотребните апарати в кујна нема да се вклучени. Порано нешто заборававме , но сега ќе внимаваме, вели жител на Охрид.
-Внимаваме, на 200 евра пензија, дали лекови, дали храна Толку се парите, мора да внимаваме, вели граѓанин на Охрид.
-Во недела периме, навечер после 22 часот, внимаваме да зготвиме, вели една охриѓанка.
-Штедам на секој можен начин, струјата е скапа и не можам да ја плаќам. Еве се мачам на овие години ѓомлезе продавам за денар за леб да извадам. Мачен живот на 80 години да стојам овде на пазарот за некој денар за леб, вели една повозрасна жена од охридско.


Од локалната велат дека ќе прават анализи во периодот кој следи и најавија дека заедно со другите локални самоуправи преку ЗЕЛС ќе бараат начини за штедење на електричната енергија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани