Нема професионално пливање, затворените базени со години во изградба

Стагнираат водените спортови во двата градови на брегот на Охридското езеро. Во Охрид и Струга нема пливање, ниту ватерполо затоа што затворените пливачки базени се ветуваат со децении, се градат со години и се уште не се во функција.
Рекреативно пливање има само во текот на летните месеци,колку што дозволуваат временските прилики, што е недоволно за професипнален развој на пливачи и ватерполисти.

Струга и Охрид има пливање само два месеци и тоа ако дозволи времето да имаме. Двата градови секогаш била авангардата на македоснкото пливање и ватерполото, но за жал еве не можеме. Имаше иницијатива за реконструкција на базенот, требаше да биде готов пред три години и секоја наредна година пред секои избори се најавува се започнува, но за жал децата остануваат без тој базен, кој ние како деца го кроистевме и знаеме колку беше вреден за градот, вели Коста Хиохи од кајакарскиот клуб Струга.


Охрид е градот од кој произлегле славните пливачи како Атина Бојаџи, Дики Бојаџи, Климе Савин, Александар Маленко и други, но со децении не може да се пофали со услови за развој на идни генерации пливачи.


Освен отворен базен ние немаме друг, освен во хотелите кои некои ги користат за тренинг, но мора да признаеме многу е тешко да се тренира во такви мали базени. Се надеваме ќе се интензивира процесот на завршување на градежните работи на затворениот пливачки базен, кој го финансира Агенцијата заа млади и спорт и дека наскоро ќе имаме услови со кои што многу охридски пливачи ќе почнат да пливаат да го учат пливањето, а потоа и да се натпреваруваат, вели Кирил Пецаков градоначалник на Охрид.


Реконструкцијата на затворениот базен во Струга започна во 2019 година, но повеќе од три годни е во стагнација. Во Охрид изградбата на пливачкиот базен започна во 2015 година, после пробивањето на сите рокови според последните најави од Агенцијата за спорт и млади ќе биде готов следната година.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани