Црвена Младина: Бесник Османи не е компетентен за функцијата претседател на комисија за млади и спорт

Реакција од Црвена Младина – Охрид до јавноста: КОНТРОВЕРЗНИОТ БЕСНИК ОСМАНИ НЕ Е КОМПЕТЕНТЕН ДА ЈА ВРШИ ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ

Комисијата за млади и спорт при Општина Охрид разгледува прашања, за развојот и рекреативните активности на младите и за културни активности.

На функцијата Претседател на комисијата за млади и спорт при Општина Охрид е изгласан Бесник Османи (51), кој што е дипломиран правник по струка и нема допирна точка со функцијата што ја извршува.

Сметаме дека Бесник Османи не е компетентен да ја врши оваа функција, првенствено затоа што веќе не е млад човек (има 51 година), не ги застапува во никој случај младите и младинските политики, не е никаков истакнат спортист (не е од спортската фела) и истиот е поврзан со низа скандали околу начинот на кој дипломирал. И по овие основи треба да си поднесе оставка и позицијата да ја препушти на советник кој вистински ги застапува младинските политики во Општина Охрид, стои во реакцијата.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани