ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид во стабилна финансиска состојба

ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид и во услови на криза функционира стабилно.

Сите тековни и заостанати обврски се исплатени и градинката сега не должи финансиски средства. Општина Охрид превзеде дел од трошоците за нафта за греење во вкупен износ од 3.928.000 денари што ќе придонесе да нема потреба од зголемување на цената која родителите ја плаќаат за престој на нивните деца во градинка иако живееме во услови на криза кога сите потребни продукти во секојдневниот живот се со покачени цени.
Сето тоа се постигна благодарение на посветената работа на менаџерскиот тим и поддршката која ја добиваат од општина Охрид, информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани