
Повторно оштетен виртуелниот споменик на Прличев во Охрид.
На 25.09.2022 година во 23.35 часот во СВР Охрид пријавено е оштетување на виртуелниот споменик на Глигор Прличев поставен на улицата „Коста Абраш“ кај малиот плоштад во Охрид. Од извршениот увид, констатирано е дека биле откорнати буквите од предниот дел на споменикот и било отстрането македонското знаме. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Ова е второ оштетување на виртуелниот споменик во Охрид.