Долга е листата на чекање, потребен е уште еден ангиограф во регионот

Новиот ангиограф поставен во ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан” во Охрид е единствениот во регионот, оти постоечкиот не е повеќе во функција. Годишно над 2000 пациенти имаат потреба од апаратот кој се користи при акутен инфаркт и стентирање, па листата на чекање е и до три месеци.

Директорката на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан” во Охрид д-р Елена Коваческа- Башуроска вели дека оваа институција има потреба од уште една ангиографска сала и уште еден анфиограф.

Има поголема листа на чекање. Чекањето за елективниот програм за пациентите е некаде три месеци во нашата установа. Посебно сега во периодов кога не работи постоечкиот ангиограф и се монтира новиот имаме зголемување на листата на пациенти за чекање но се надеваме дека со новиот ангиограф ќе се подобрат условите и со поголем ангажман кој секако зависи од буџетот и можноста за набавка на дополнителни материјали во интервентната кардиологија максимално ќе направиме таа листа за чекање на пациенти се налали, вели д-р Коваческа- Башуроска.

Во Македонија вакви апарати има Клиниката за кардиологија во Скопје, во Општите болници во Штип, Струмица, Тетово и Битола но и таму апаратот не работи.

Ние сме регионален центар, работиме со пациенти од Охрид, Струга, Дебар, Ресен, Битола и пациенти од Прилеп, додава д-р Коваческа- Башуроска.

Од болницата се надеваат дека со префрлање во реконструираниот објект во кругот на болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, ќе се подобрат условите оти ќе има две ангиографски сали а постоечкиот објект би се користел за рехабилитација.

С.ВРЕНЦОВСКА

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани