
Охриѓанец истепал сограѓанин во спортска обложувалница.
На 26.09.2022 година во 20.55 часот, во СВР Охрид пријавено е нарушување на јавен ред и мир во спортска обложувалница лоцирана на улицата „Кленоец“ во Охрид со физички напад извршен од Г.М.(47) врз Т.Б.(33), двајцата од Охрид. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.