
Жител на Лескоец истепал охриѓанец.
На 28.09.2022 година во 02.40 часот во СВР Охрид лишен од слобода е Н.П.(45) од охридското село Лескоец, кој претходно во селото физички го нападнал В.К.(53) од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.