Деветнаесетгодишна охриѓанка повредена во сообраќајка во Охрид

Деветнаесетгодишна охриѓанка повредена во сообраќајка во Охрид.

На 27.09.2022 во 21.35 часот во СВР Охрид, пријавено е дека околу 19 часот на кружната крстосница од улиците „15-ти Корпус“, „7-ми Ноември“, „Железничка“ и „Ристо Чадо“ во Охрид, патничко моторно возило „шкода октавија“, управувано од Љ.С.(54) од Охрид, удрило во велосипед управуван од М.Џ.(19) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Џ. констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани