
Охриѓанец нападнал девојка на улица.
На 29.09.2022 година околу 16 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, Н.К.(29) физички ја нападнал Н.К.(19), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.