Образовниот процес ќе се одвива со физичко присуство


И покрај енергетската криза образовниот процес ќе се одвива со физичко присуство. И средните и основните училишта ќе бидат на регулиран пазар со што се очекува да нема проблеми со високи сметки за електрична енергија.
Министерот за образование вели може да има реорганизација од типот намалување на бројот на часови, но засега се отфрлува онлајн настава.


-До крај за оваа учебна година ја отфрлувам онлајн наставата заради тоа што помина месец септември, дојде октомври ноември ќе видиме како ќе се одвиваат работите со тоа што школите ќе се на регулиран пазар добиваме придобивка, со тоа што некои од општините го имаат организирано добиваме а и помошта од страна на МОН јас мислам сите треба да работиме за да биде со физичко присуство, рече министерот за образование Јетон Шакири.


Ќе се бараат алтернативни решенија за надминување на проблемите во училиштата кои имаат лоша инфраструктура.


-Тие училишта каде што има такви ситуации и имаат потреба, веднаш дирекно да бидат во комуникација со општините. Во тие училишта да ја видиме можноста ако можеме во некој друг простор што е во близина да се изменаџира добро, вели Шаќири.


Министерот најави пренамена на неискористените блок дотации од општините за надминување на предизвиците од енергетската криза.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани