Општината ќе доделува образовен додаток за студенти од семејства со социјален ризик

Општината објави јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од Општина Охрид за академската 2022/2023 година.


Износот на образовниот додаток за студентите изнесува еднократно во нето износ од 6000,00 денари за студенти кои ги исполнуваат наведените услови во повикот. Образовниот додаток за студенти е неповратен. Во буџетот на Општина Охрид се обезбедени 720.000 денари за оваа намена и ќе биде овозможен паричен надоместок за максимум 120 студенти, информира градоначалникот Кирил Пецаков.


Повеќе детали за повикот како општи услови, посебни услови, потребни документи, рок и начин на пријавување на следниот линк.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани