
Во период од 29.09 до 02.10.2022 година РЦСОО ,,Ванчо Питошески” учествуваше на меѓународен натпревар ГАТУС во областа на угостителско-туристичка струка каде што настапуваа 12 екипи од бившите југословенски републики – Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, кој се одржа во Ново Место – Словенија.

Учениците освоија 2 сребрени и 1 бронзен медал во следните категории:
ГОТВАРСТВО
- Даниел Бутракоски
- Никита Мишевски
- Фикрет Шаќировски
ментор: Војо Ангелоски
ПОСЛУЖУВАЊЕ - Стефан Стојаноски
- Марко Настески
- Дамјан Макешоски
ментор: Милена Илијевска
ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАН - Теона Талевска
- Ана Марија Мискоска
- Јована Капиданова
ментор: Марија Ѓорѓиоска
Охрид ќе биде домаќин на следниот натпревар кој ќе се одржи во октомври 2023 година.