,,Стави појас” нова превентивна кампања на СВР Охрид

„Стави појас“ е новата превентивна кампања што ќе се реализира на целото подрачје на СВР Охрид.

Во рамки на кампањата, предвидено е, на повеќе градски сообраќајници, на локалните, регионалните и магистралните патишта, да се постават сообраќајни пунктови каде ќе се врши контрола на возачите на моторни возила но и укажување за неопходноста од користење заштитни појаси како основна мерка за подигнување на безбедноста за време на управување со моторно возило. Притоа, полициските службеници ќе поделат флаери, маици и друг и соодветен  едукативен материјал со логото „Стави појас“. Кампањата ја реализираат Отсекот за превенција и при СВР Охрид и РСБСП, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани