Стружанец и охриѓанец фатени при продажба на дрога

Стружанец и охриѓанец фатени при продажба на дрога.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(43) од Струга и М.Р.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 11.06.2021, полициски службеници ги забележале пријавените како му продаваат дрога на едно лице, а по извршен преглед кај нив, кај второпријавениот бил пронајден и одземен кокаин, информираат од МВР.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани