
Активисти бараат решавање на проблемот со депониите во Југозападниот регион во земјава. Двете депонии, една во градот Струга, другата на превојот Буково го загадуваат сливот на Охридското езеро, а нивното затворање е една од клучните препораки за зачувување на статусот на Унеско.
Идејата за изградба на современа депонија во Југозападниот регион во земјава со години тапка во место. Последната информација е дека ќе се гради во битолско Новаци, но се уште е во подготовка на документација.
-„Менталитетот на луѓето на Балканот е неодговорноста да се разбереме. Охрид под заштита на Унеско и пошироко Макеоднија еве и Скопје имаме Дрисла. Едн оставно остануваат еколошките проблеми нерешени. Требаше до сега да се направи регионалната депонија и тоа надвор од сливното подрачје на Охридското езеро а веќе е договорено во Новаци. Добро е да се направи што поскоро и да профункционира, вели Лазе Наумоски еколог.
Екологистите сметаат дека е потребна засилена едукативна кампања за подигнување на еколошката свест кај населението.
-Еколошката свест е многу ниска, да се разбереме ние не знаеме да го цениме. Затоа треба да водиме сметка луѓето да се едуцираат и да не се загадува животната средина. Сегде да има корпи за отпад. Треба да се врши едукација на децата во школите и на средношколците и месните заедници да има предавања од страна на луѓе компетентни за да насочат луѓето како треба да се однесуваат, додава Наумоски.
Депониите во регионот, после дивоградбите се најголема рак рана за УНЕСКО. Таа на Буково и струшката дива депонија според организацијата со години се најголемите загадувачи на животната средина во охридско-струшкиот регион.
Во меѓувреме судската постапка за струшката депонија по првата граѓанска тужба поднесена од Здружението млади правници, против министерството за животна средина, општина Струга и комуналното јавно претпријатие е заглавена на Апелација.
Новинар Соња Рилковска