
Левица Охрид обвинува за притисоци од страна на полицијата.Според соопштението лиферувано во јавноста полицијата во пресрет на утрешните протести вршела притисоци врз раководството на Л.О. ЛЕВИЦА ВО ОХРИД.
Во врска со утрешниот протест против отворањето на граѓанското здружение, кое го носи името на фашистот и соработникот на Хитлер, ,,Цар Борис III”, охридската полиција, преку телефонски јавувања и други слични методи на притисок, пречекорувајќи ги своите овластувања го малтретира и вознемирува раководството на ЛО на ЛЕВИЦА Охрид.
Ги повикуваме одговорните на СВР Охрид, да престанат со нивните обиди саботирање на утрешниот протест. Воедно, им порачуваме дека нема да подлегнеме под ваквите подли методи за заплашување, и утре, заедно со сите жители на Охрид, ќе излеземе на протест да кажеме НЕ за глорификацијата на личности соработници на окупаторските наци-фашистички сили и НЕ на обидот за ревизија на историјата ширејќи ги нео-фашистичките идеи и дејци на Бугарија, стои во соопштението на Левица Охрид.