Тензично: Отворањето на клубот Цар Борис Трети проследено со жестоки протести

Завршија протести против отворањето на бугарскиот клуб Цар Борис Трети.

Околу пладне овде во центарот на Охрид имаше жестоки протести. Револтирани граѓани скандираа фашисти, нацисти и пееаја патриотски песни. Протестите кулминираа кога насобраната маса фрлаше јајца и камења кон клубот. Полицијата спречи поголеми инциденти.
Граѓаните бараат итно затворање на клубот со конторверзно име кој што според нив ги разгорува фашистичките идеи во земјава.

Протестот првично беше инициран од локалниот огранок на партијата Левица Охрид, а се придружија и од опозициската ВМРО ДПМНЕ. Советничката од Левица Виолета Аврамоска бара итно укинување на здружението со контоверзно име.

Претседателот на здружението Цар Борис Трети кое денес свечено го отвори клубот е охриѓанец, тој рече дека е непријатно изненаден од реакцијата на сограѓаните. Се оградува од било какви фашистички идеи, клубот вели се отвора за промоција на бугарската култура. Да ја погеднеме и неговата изјава.


Левица Охрид вчера поднесе иницијатива до ОЈО Охрид.за забрана за работа на здружението „Цар Борис III“ На отворањето на клубот присуствуваше делегација предводена од амбасадорот на Бугарија во земјава и претставници на конзулатите од Битола и Скопје.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани