Се бара ЈП Водовод да премине на регулиран пазар за електрична енергија

Денес се одржа седумнаесетата седница на Советот на Општина Охрид, на која во дискусиите на советниците, доминираа точките посветени на актуелната ситуација во ЈП “Водовод“.

По излагањето на директорот на јавното претпријатие Марјан Ристески, со посебен осврт на трошоците за електрична енергија за периодот 2020 – 2022 година,  се разви дискусија, во која сите советници повеќе или помалку изразија согласност за изнаоѓање одржливо и долгорочно решение за функционирањето на претпријатието. Во таа насока на предлог на градоначалникот Пецаков, советниците донесоа заклучок да се испрати барање до Владата за преминување на јавното претпријатие на регулиран пазар за снабдување со електрична енергија. Како дополнителна мерка за надминување на финасиската состојба во ЈП “Водовод“, советниците ја усвоија одлуката за субвенционирање на трошоците за електрична енергија во висина од 2 милиони денари.

Посебно внимание привлече и точката за изработка на физибилити студија за прозводство и продажба на електрична енергија на територијата на Општина Охрид, која советниците едногласно ја усвоија.

Во продолжение на седницата се изгласаа одлуки за измени и дополнувања на програмите од образовната и социјалната сфера, туристичката дејност, а се донесоа и одлуки од урбанизмот за вклопување на бесправно изградени објекти на територијата на Општина Охрид.

Веднаш по седумнаесетата седница се одржа и осумнаесетата, посветена на советнички прашања.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани