Струшките училишта бараат скратување на училишните часови за 10 минути

Струшките училишта бараат скратување на училишните часови за 10 минути
Струшките училишта бараат скратени часови. Наместо стандардни 45 минути, училишните часови да траат по 35. Целта е справување со енергетската криза и заштеда на нафта.
На тој начин, училишниот ден ќе се скрати за околу час и половина, а со тоа ќе се намалат трошоците и нема да се губи од образовниот процес.

-До средината на декември планираме по нашите пресметки имаме нафта, греалките ги исклучивме целосно. Поднесовме барање до општина Струга за скратување на часовите од 45 на 35 минути. Втора смена да започнува од 13 часот, наместо од 13 30 со што порано ви заврпила втора смена и би заштедиле во осветлување и греење“, вели Кети Јанкоска директор на средното стручно училиште „Нико Нестор“ Струга.


Струшките училишта ги применуваат мерките и препораките за заштеда на електрична енергија, но чекаат реализација на одлуката на владата за нивно префрлување од слободниот пазар на ЕСМ за поевтина електрична енергија. Ова е особено значајно за големите училишни капацитети.


-Многу би ја олеснило затоа што нашето училиште е многу големо со 150 вработени и 1 500 ученици работиме во две смени така да капацитетот е голем и оваа мерка би била добредојдена, додава Јанкоска.


Барањето за скратување на часовите од сите основни и средни училишта во Струга е веќе поднесено до општината за него ќе одлучуваат градските советници. Претходно струшките училишта ги исфрлија од употреба и компјутерите и смарт таблите.


Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани