Сериозни обвинувања за работењето на Здружението на пензионери Охрид и Дебрца

Низа сериозни обвинувања за работењето на Здружението на пензионери Охрид и Дебрца.

Соопштението испратено до јавноста го објавуваме во целост:

Од јули 2013 година Здружението на пезионери на Охрид и Дебрца запада во стечај, односно беше блокирана жиро- сметката поради спорот што го изгуби со Здружението на инвалидските пензионери,околу сопственоста на Домот на пензионерите во Охрид.Според Агенцијата за катастар на недвижности Домот е сопственост на Р.М, а по една половина се корисници ЗП Охрид и Дебрца и ЗП на инвалидските пензионери,Охрид.
Бидејќи ЗП Охрид и Дебрца го изгуби спорот, иако тврдеше дека Инвалидските пензионери немаат дел од домот, на ЗП судот му ја блокира сметката седум години.
Членарината на 10.600 пензионери во Охрид ,СЗПМ наместо да ги дистрибуира на сметката на здружението, парите од околу 300.000 денари, ,,легнуваа,, на сметката на Клубот на пензионерите,што не е дозволено.
Од 2013 година почна да се работи волонтерски, односно никому цели седум години не му се
исплатуваа дневници. Во тие седум години на блокирана сметка само претседателот и секретарот на Извршниот одбор си земаа месечен паричен надоместок по 200 евра. Плаќањето кон доверителите од блокирањето на сметката од 2013 до 2020 година се одвиваше се преку Клубот со цесија.
За Судскиот спор кој траеше 7 години се одржаа 37 судски рочишта и сите се изгубени. Се менаа односно беа иземени четворица судии и исто толку адвокати и спорот го загубија. Сите пари од членарината во тие седум години колку што траеше судскиот спор, се потрошија 15.000.000

денари. Здружението ја загуби и Ревизијата од Врховниот суд за што плати 140.000 денари.
Претседателот, секретарот, и покрај месечниот надоместок од 12 и 13.000 денари, земаа и дневници за присуство на состаноци на Собрание на Извршниот одбор и на состаноците на комисии,иако е спротивно на Статутот за што еднаш беше покрената кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување,за што Охридската полиција им поднесе Кривчна пријава,на претседателот и секретарот.
Своевремено кажуваа на седници дека имаат орочени срества од Заемот за патишта од 1977 година, во износ од 1.000.000 милион денари во охридска банка,за потоа обвинителката да обелодени дека се 2.500.000 денари,за сега да ги нема никаде.
Во Билтенот на СВР Охрид натаму стои дека во периодот од 2016 до 2018 година, претседателот и секретар, несовесно си определиле за себе паричен надоместок по основ на присутсво на седници на одборите,комисите и за било каков обичен состанок, и покрај месечниот надеместок што го земаат од по 200 евра.
Во остиот период се вели во Билтенот на СВР Охрид пријавените без прибирање на понуди или распишување на оглас за набавка на услуги за превоз на членови на здружението,склучиле 78 договори со компанија од Охрид, со што овозможиле наведеното правно лице да се стекне со против правна корист,се вели во соопштението на полицијата.
Годишно за излети се исплатувале по 1.000.000 денари,.Превозот 20 години го врши само една компанија без тендер,а сопственикот тврди дека земал 600.000 илјади годишно, а не 1.000.000 денари.

Дека ова е точно,Секторот за внатрешни работи -СВР Охрид на 30.7 2019 година, во нивниот Билтен пишува дека СВР Охрид поднесе Барање за кривична одговорност против претседателот и секретарот на ЗП Охрид и Дебрца за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување,, и продолжено кривично дело ,,несовесно работење во службата,,
И покрај покренатиот Обвинелен акт на обвинителка,првообвинетиот претседателот на Извршниот одбор,по допрен глас, е ослободен од обвинението, со поткуп преку судија од Основниот суд Охрид, за пари во вреднос од 100.000 денари.
За време на блокираната сметка за 6 години,за присуство на состаноци, зеле по 170.000 претседателот а секретарот 130.000 денари.
Како последна судска инстанца за ова прашање, беше поднесена Ревизија до Врховниот суд на Македонија, но и од Врховниот суд Ревизијата беше одбиена и ЗП Охрид и Дебрца платило 140.000 денари, а неофицијално и повеќе средства,иако знаеја дека спорот ќе го загубат.

РАКОВОДСТВОТО НА ЗП ОХРИД И ДЕБРЦА СЕ САМОНАГРАДИЛО СО УШТЕ ЕДНОМЕСЕЧЕН ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК

Во услови кога пензионерите како најзагрозена категорија со животен стандард, и кои едвај врзуваат крај со крај во месецот, раководството на Охридското здружение на пензионерите на последната седница на Извршниот одбор одржана деновиве, си донесле одлука за само-наградување за по уште еден дополнителен месечен паричен надоместок.
Извршниот одбор донесол одлука со која сами засебе си определиле паричен надоместок и тоа за претседателот на ЗП Охрид и Дедбрца по 15.000 денари,за секретарот 12.000 денари, за
двајцата одговорни на фолкорната група по 10.000 денари, а на другите членови на Извршниот одбор од 2.000 до 3.000 денари.

Да потсетиме, претседателот непрекинато е 24 години прв човек на здружението, а секретарот 12 години на истата функција, што е спротивно на Статутот.Охридското здружение брои над 11.300 страосни и семејни пензионери.
Ваквото раскошно и непродуктивно трошење на средствата од членарината на охридските пензионери, нее прв случај низ годиниве од кога ракводат актуелниот претседател и секретар на Охридското здружение.
По барање на група на пензионери членови на раководството на здружението, фолклористи,инструменталисти, спортисти и други бројни пензионери, дека Секторот за внатрешни работи-СВР Охрид, по трет пат поднесле Барање за кривично гонење против претседателот и секретарот на здружението до Основното Јавното обвинителство Охрид.

-Овој предмет од СВР Охрид до Основното јавно обвинителство Охрид , е поднесен во август 2021 година, и веќе една година, до 9 август 2022 година,не е процесуиран.


Со оваа хронологија на настаните на самоволијата и злоупотребите за само личен интерес на претседателот и секретарот во изминативе 10 години во ЗП Охрид и Дебрца, сакаме да ја информираме јавноста во Охрид посебно популацијата на пензионерите како најзагрозена социјална категорија да ги осуетат и осудат нивните пред се финансиски злоупотреби за изминатите 10 и повеќе години на раководење,односно да им се забрани било какво финансиско работење, бидејќи здружението им е ,,непресушно изворче,, на пари, привелегии, бенефиции, безмилосно трошење на пари и земање дневници по многу основи, земање на храна од ресторани за дома,како и многу други злоупотреби.
Се чини дека е крајно време и двајцата да си заминат од функциите за да не се расфрлаат со членарината на пензионерите. Доста им се 27 години раководење на претседателот и 12 години на секретарот.
Ние пензионерите од Охрид над 11.300 членови бараме органите на прогонот јавно да ги осуетат злоупотребите спомнатите дубиози и сомневања, и криминогени дејствија, и да одговараат за злоупотребите на 15.000.000 милиони денари земени од ченарината на охридските пензионери,особено од оние со ниски пензии, болни,изнемоштени и кои никогаш не користење никаква материјална помош или било каков бенефит од членарината што секој месец им се задржува од ионака ниските пензии.
Да очекуваме дека сега по трет пат по предметот што е во Охридското јавно обвинителство поднесено од СВР Охрид против претседателот и секретарот, ,конечно ќе се преземе нешто и конечно ќе следат некакви санкции.

Автор: Крсте Спасески портапарол и член на Собрание на Здружение на пензионери Охрид и Дебрца, портапарол

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани