Повторно гори депонијата во струшко Лабуништа

Еколошка катастрофа во струшко Лабуништа. Повторно спалена депонијата, чад ги гуши жителите на околните села.
Од еколошкото здружение Натура лаб ја обвинуваат општината и јавното претрпијатие.


Општина Струга на чело со Рамис Мерко, како и ЈКП Хигиена кои никако да успеат ѓубрето да го носат во градската депонија.
Единствено Лабуништа и Подгорци отсечени од Струга, оставени ѓубрето да чади над глава.
Одговорност бараме и од приватната фирма од Лабуништа која е надлежна за одржување и покривање на депонијата.
Бараме од новата Месна заедница, ЈКП Хигиена и Општина Струга во најкраток рок, еднаш засекогаш да се реши овој најголем проблем за нашето Лабуништа, стои во реакцијата на НАТУРА ЛАБ Лабуништа.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани