
Охриѓанец и стружанец се степаке во угостителски објект.
На 09.10.2022 година 04.25 часот, пред угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(18) од Струга и В.М.(19) од Охрид. Притоа се вклучиле и неколку други лица кои го нападнале В.М.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.