Со свечена академија се одбележа 11 Октомври

Во присуство на голем број граѓани, продолжувачи на слободарските традиции, пратеници и советници, денес со свечена академија и културно-уметничка програма се одбележаа 81 година, од почетокот на антифашистичката и национално ослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна.

Четиригодишната народноослободителна епопеја на македонскиот народ во Втората светска војна ги постави темелите на новата Македонска држава и го реализира многувековниот сон на македонскиот народ за создавање сопствена држава.

Континтинуираната борба на македонскиот народ резултираше со формирање на самостојна и независна Република Македонија, како единствена државна територија на македонскиот народ на овие немирни балкански простори.

Затоа, 11 Октомври, не претставува само придружување на македонскиот народ на светската антифашистичка коалиција, туку истовремено неговата големина е во спојување на временскиот континуитет на вековниот сремеж на Македонецот за опстојување на својата територија и приклучување на својот народ и својата држава кон големото светско семејство на народите.

За многу одлуки во животот потребна е храброст. Но најголема е храброста да се задржи своето и подготвено и достоинствено да се одговори на предизвициите кои ги носи иднината. Нам ни е потребна онаква храброст каква што во себе содржи тој 11 Октомври, датумот кој го насочи текот на историјата, поставувајЌи ги темелите на идниот национален развој.Затоа овие датуми се неизбришливи и инспиративни за генерациите кои доаѓаат, истакна градоначалникот Пецаков.

Нека ни е честит и долговечен 11 Октомври, симболот на непокорот на македонскиот народ.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани