Повредено лице при пожар настанат од електричен кабел

Повредено лице при пожар, кој настанал при спроведување електричен кабел.

На 10.10.2022 во 16.25 часот во СВР Охрид пријавено е дека на улицата „Трајче Дојчиноски“ во Охрид, при спроведување доводен кабел за електрична енергија во куќа сопственост на Г.С.(40) од Охрид, настанал пожар во кој со повреди се здобил Г.М.(43) од Охрид. Тој е пренесен и задржан на лекување во Општата болница во Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица и го изгасила пожарот, а увид на местото извршиле вешто лице и полициски екипи, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани