Здружението на пензионери во Вевчани прослави 10 години постоење

По повод 10 години од постоењето на Здружението на пензионери Вевчани беше организирана свечена седница на која , беа присутни градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочоски, директорот на здравствениот дом, директорот на основното училиште, директорката на ЈП „Еремија“, директорката на градинката од Вевчани,директорката на Бибиблиотеката во Вевчани ,претставници на КУД „Дримкол“ од Вевчани како и гости од Здруженијата на пензионери од Струга, Дебар, Кичево, Лабуништа, Македонски Брод и Охрид и Дебарца.

Поради зафатеност претставници од Сојузот на здруженијата на Македонија немаше за кое претседателот Костојчиноски ги оправда. Присутните ги поздрави и со свое обраќање се обрати претседателот на Извршниот одбор Витомир Костојчиноски, тој со своето обраќање истакна дека до 2012 година Вевчанските пензионери беа заедно со ЗП Струга.
На свечената пригода по повод Денот на формирањето, реферат за значението, развојот, активностите и успесите постигнати во едно-децениско работење, пред бројните гости членови на здружението поднесе претседателот Собранието Јован Лазороски.
Според архивските документи ЗП Вевчани е формирано на 29 ноември 2012 година, на првото основачко Собрание по иницијатива на неколку интелектуалци од Вевчани. Здружението за прв пат свечано годинава го одбележа својот јубилеј 10 години од постоењето.

Нашето здружение во своето постоење имало континуитет во активностите особен процут доживува последните години. Здружението брои над 380 членови. Во органите и телата се вклучени повеќе активисти и 10 отсто се жени. За одбележување е што значително ги подобривме здравствените услови во населбата и го решивме просторното прашање со адаптација на Клубот на пензионери во зградата на Општина Вевчани. Со Локалната самоуправа со која во почетокот потпишавме Меморандум за соработка. Имаме плодна соработка со повеќе ЗП од Републикава, како и со други институции,Струшкиот Црвен крст,а посебно добро соработуваме со СЗПМ.Нашето здружение има сопствена визија во решавањето на секојдневните животни потреби на пензионерите, кои ќе ги решаваме во соработка со Сојузот-истакна на крајот претседателот Костојчиноски.


Иако ЗП Вевчани е мало здружение, тоа е доста активно, со одбележување на сите празници како што е Денот напензионерите 20 септември, Денот на формирањето на здружениет, 8 –ми Март, Денот на жените, прослава по повод Стара Нова година (Василица) , Денот на ослободувањето на Вевчани и др., Но во иднина треба да биде уште поактивно.
Пото следуваше доделувањето на благодарници од страна ЗП Вевчани, со кои што соработува, на Вевчанските роботни организации, на СЗПМ и на Здруженијата на пензионери кои беа присутни на свеченоста и на заслужни лица.


Пред крајот на седницата, присутните претседатели и гости ја поздравија оваа свечана седница со пригодни зборови, а посебен осврт даде претседателот на струшкото Здружение Милорад Трпоски, кој му посака во наредниот период да бележи уште поколеми успеси,а на присутните им посака среќен и долг пензионерски живот.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани