
Ќе се реконструира улицата ,,Шопев мост” во Вевчани.
Во текот на 2022 година посветено работевме на подготовка на проектот за реконструкција на локалната улица “Шопев ” – Здравствен Дом Вевчани. Соласно насоките и барањата од Светска Банка, извршивме целосно репроектирање на трасата, изработивме основен сообраќаен проект, како и други потребни елаборати за реконструкција на локалната улица во согласност со барањата на Светска банка, информира градоначалникот Спасе Кочоски.
Денес е објавен тедендер за избор на изведувач за реализација на градежните работи со што оваа дотраена и целосно амортизирана улица комплетно ќе се реконструира по завшрување на потребните процедури и склучување на договор со избраниот понудувач – изведувач.