
Отворени Спортските синдикални игри во Охрид.


Вечерва со свое обраќање ги отворив спортските синдикални игри кои се во организација на Синдикатот на администрацијата и државната управа на Македонија (САДУ).
Преку спортот и спортските игри се обновува позитивната енергија. Спортските игри го поттикнуваат натпреварувачкиот дух, но дружењето го јакне заедништвото и тимската работа која е потребна за ефикасно справување со секојдневните професионални предизвици, напиша градоначалникот Кирил Пецаков.