Тренчевска: Нема да има отпуштање, ниту намалување на платите на административците

Тренчевска: Нема да се намалуваат платите на административците

Нема да се намалуваат платите на државните административци, ниту бројот на вработените во администрацијата во енергетската криза, но оние кои можат да работат од дома нема да мора да одат во канцеларија.
Ова го кажа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, говорејќи за новата методологија, според која врабтените ќе можат да ротираат работејќи од дома и со тоа ќе се намалат трошоците на институциите во време на најголема економска криза.

-„Не е препораката да се намалува за 10% бројот на вработени, туку секоја институција да си направи функционална анализа која што ќе покаже колку вработени треба во институцијата и на кои работни места. Не се вели дека сите ќе ротираат дома туку тој што може. Луѓето кои работат на шалтер не можат да работат од дома. Онаму каде што процесот на работа дозволува да се работи од дома може да се работи и платите нема да се намалуваат“ ,вели Јованка Тренчевска министер за труд и социјална политика.


Тренчевска вели владата донела ефикасни сет мерки за помош за сите ранливи категории на граѓани.


-„Владата донесе сет на мерки за најранливите категории на граѓани вклучени во системот на социјална заштита за дел од неврботените кои се приматели на надоместок согласно законот за материјално обезбедување и на пензионерите кои примаат пензија до 14 000 денари, додава Тренчевска.


Политиката за намалување на расходите за плати за 10 отсто кои ги претстави Владата како дел од антикризните мерки предизвика бура од реакции на синдикатите и работниците во јавниот сектор. Од синдикатот стравуваат дека ако административците работат од дома, ќе земаат помала плата од 10 до 30%.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани