Работилница ,,Градење климатски отпорна иднина” во Охрид

Од денеска до 21-ви октомври Охрид ќе биде домаќин на работилница од проектот „Градење климатски отпорна иднина: развој на капацитети за адаптација на климатските промени и управување со ризици од катастрофи во избрани локалитети назначени од УНЕСКО на Југоисточна Европа“.

Охридскиот регион поседува непроценливо природно и културно богатство, кое повеќе од 40 години е под закрила на УНЕСКО. Навистина е голема привилегијата да се поседува една ваква уникатна убавина, која е препознаена и запишана како светско наследство, па токму затоа наша должност и обврска е да ги сочуваме овие вредности и да ги оставиме како аманет за идните генерации, информира градоначалникот Пецаков.

Пецаков вели лично се задолжува за поддршка на вакви проекти.

Општина Охрид и јас како градоначалник секогаш ќе бидеме подготвени да поддржиме и да бидеме вклучени во вакви проекти, кои се посветени на ваква тематика и се во насока на заштита и зачувување на светското богатство кое го поседуваме, додава Пецаков.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани