
Бугарски државјанин кој со себе носел два ножа со долги сечива, е приведен во Охрид додека се наоѓал во близина на неодамна отворениот бугарски клуб кој го носи името на хитлеровиот соработник цар Борис Трети.
Лицето од Бугарија, кое пеш одело во близината на бугарскиот клуб им се видело сомнително на полицајците кои се наоѓале во близина. При претрес биле пронајдени ножеви со должина од 10 и од 15 сантиметри.
СВР Охрид денеска соопшти дека вчера, околу 11 часот во трговскиот центар „Амам” во Охрид е уапсено лицето И.Н.И (22) од Бугарија.
„При претресеот се пронајдени и одземени два ножа според членот 80 од Законот за оружје”, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Тој појасни дека кривичното дело е процесуирано по брза постапка, бидејќи се работи за странски државјанин.
На бугарскиот државјанин му е изречена двегодишна забрана за влез во Македонија.