
Во општина Вевчани ќе се реализираат два нови проекти.
Во соработка со Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН, како дел од активносите на Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година, обезбедени се средства за реализација на следните проектите изградба на локална улица Попој-Млака и комплетна реконструкција на кујната во детската градинка ЈОУДГ ПЛАНИНСКИ ЦВЕТ Вевчани. По завршување на потребните административни процедури ќе се започне со реализација на проектите, информира градоначалникот Кочоски.