

Врз основа на Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој за 2022 година, предвидено e субвенционирање на уплатената такса за привремен престој на домашни и странски туристи за физички лица вршители на угостителска дејност во општина Охрид.
Целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност во oпштина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП. Висината на Субвенцијата ќе изнесува 80% од уплатената такса за примвремен престој по основ на вкупниот број на остварени ноќевања за периодот од 01.01 – 31.05.2022 година.
Вкупниот износ на субвенциите не смее да го надминува предвидениот износ одобрен во Програмата Г2 за тековната година. Во случај на пристигнати барања за субвенции во вкупен износ поголем од предвидениот со Годишната Програма, ќе се применува принципот „прв дојден – прв услужен“се до исполнување на предвидениот износ. Краен рок: Крајниот рок за пријавување е 04. 11. 2022 год.