
Мигрант од Мароко фатен во Охрид.
Денеска (24.10.2022) во 03.00 часот во СВР Охрид е приведен А.С.(23) од Мароко. Тој e затекнат на улицата .„Кленоец“ во Охрид и по извршени проверки, констатирано е дека остварил илегален влез во државата. За случајот е известен Јавен обвинител, а лицето е пренесено во транспортен центар за странски државјани. По документирање на случајот ќе следува поднесок, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.